МИ СТАВИ СКАЛПЕЛ ПОД ГРЛОТО Избегнат инцидент во џамија во Белград, маж им се заканувал на верниците

Ми стави скалпел од 10 сантиметри под грло. Цело време ја пцуеше нашата мајка велејќи дека тој е од (разузнавачката служба) МОСАД и дека ќе нѐ повреди. Успеав да возвратам за да не ме пресече, изјавил еден очевидец.

573

Маж се заканувал дека ќе ги убие верниците во дворот на џамијата Бајракли во Белград во неделата, пишуваат српските медиуми. М.К.(48) извадил скалпел и се обидел да го повреди Н.Л.(40), а при нападот упатил грозоморни закани.

– Ми стави скалпел од 10 сантиметри под грло. Цело време ја пцуеше нашата мајка велејќи дека тој е од (израелската разузнавачка служба) МОСАД и дека ќе нѐ повреди. Успеав да возвратам за да не ме пресече – изјавил еден очевидец.






Полицијата го привела М.К. а одреден му е притвор од 48 часа. Тој имал околу два промили алкохол во крвта и е обвинет за поттикнување национална, расна, верска омраза и нетрпеливост.

Поврзани содржини