МЕШАЛКИ СО БЕТОН ПРЕД КУЌАТА НА ШАКИРА Никнува „берлински“ ѕид меѓу снаата и свекрвата (ВИДЕО)
Шакира дури ја спомна мајката на Пике, Монсерат Бернабеу во својот нов хит. Таа пее како тој ја оставил со свекрвата која ѝ е прва сосетка.
Големи мешалки со бетон биле фатени на снимка пред вилата на пејачката Шакира која во моментов гради ѕид меѓу нејзината и куќата на мајката на нејзиниот поранешен партнер Пике. Тие и досега имале одвоени дворови со својата поранешна свекрва, пишува ДејлиМејл.
Шакира дури ја спомна мајката на Пике, Монсерат Бернабеу во својот нов хит. Таа пее како тој ја оставил со свекрвата која ѝ е прва сосетка.
Shakira is currently building a wall to separate her house from her mother-in-law’s house.
— Asandé (@kewchiy) January 17, 2023
Шакира и Пике се разделија во првата половина на минатата 2022 година, а таа го доби старателството наде синовите Милан и Саша.
Таа неодамна изјави дека го фатиле Пике во неверство бидејќи нашла празна тегла од нејзиниот џем со јагоди во домот, а знаела дека џемот го изел некој или некоја друга, бидејќи Пике не бил фан на ваквиот десерт.