„МЕРЦЕДЕС“ ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ КАЈ РАДОЖДА Едно лице е тешко повредено, а четворица завршиле со лесни повреди
Сите повредени се државјани на Република Албанија.
Утрово на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот, соопшти полицијата.
Како што е соопштено, во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид извршија полициски екипи.