И МЕРАЧОТ НА ДАНЕЛА ЛИ НЀ ЛАЖЕ? Сервисот на кој Арсовска најмногу му верува го рангираше Скопје меѓу десетте најзагадени градови
Градоначалничката дури им посочува на новинарите и медиумите да пренесуваат информации од релевантен сервис, а тоа е „WAQI“ кој ги споредува податоците од мерните станици и прави рангирање. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното.
Светскиот сервис за мерење на аерозагаденоста WAQI, на кој најчесто се повикува градоначлничката на Скопје Данела Арсовска, за да ги демантира пишувањата за енормното загадување во македонскат. а метропола, денеска го рангираше Скопје меѓу ндесетте најзагаде градови во светот. Инаку, Македонија продолжува високо да котира во речиси сите рангирања меѓу најзагадените држави, а исто така и Скопје речиси секој ден е меѓу десетте најзагадени градови во светот.
На социјалните мрежи скопјани споделуваат фотографии од дигиталните мерни станици, кои во минатото се поставени од Град Скопје, а на кои исто така може да се забележи енормна загаденост на воздухот.
На мерачот е регистрирана загаденост од 633 ПМ10 честички на метар кубен, утрово во 08:33 минути, вредност што е 12 пати поголема од максимално дозволените 50 ПМ10 честички на метар кубен. Овој мерач се наоѓа во населбата Кисела Вода и е во сопственост на Град Скопје, но засега не можевме да утврдиме кога истиот е поставен.
За сличен ваков дигитален мерач екс-градоначалникот Петре Шилегов во објава на Фејсбук се пофали на 1 декември 2019 година дека е поставена мерна станица за мерење на нивото на загаден воздух на плоштадот на „ВМРО“ во центарот на градот.

– Поставена мерна станица за мерење на нивото на загаден воздух на плоштадот на ВМРО во центарот на градот. Чистиот воздух и чистата животна средина немаат алтернатива – напиша тогаш Шилегов.

Инаку Македонија продолжува високо да котира во речиси сите рангирања меѓу најзагадените држави, а исто така и Скопје речиси секој ден е меѓу десетте најзагадени градови во светот.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку нејзината прес-служба, жестоко ги негира пишувањата за загадениот воздух во Скопје, притоа обвинувајќи ги медиумите дека шират лажни вести и водат хајка против неа.
Арсовска дури им посочува на новинарите и медиумите да пренесуваат информации од релевантен сервис, а тоа е „WAQI“ кој ги споредува податоците од мерните станици и прави рангирање. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното.

Па така, денеска напладне најголема загаденост во Скопје имало во Чаир, Илинден, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Кисела вода. Од останатите градови, на листата се Струмица, Тетово, Битола и Гостивар.
Градските власти и првиот човек Арсовска, немаат презентирано план како ќе се справуваат со енормната загаденост која влијае и врз здравјето на граѓаните.
Еве што може да преземе Град Скопје за намалување на загадениот воздух:
Град Скопје, сам, или во соработка со скопските општини и централната власт може да преземе низ мерки што можат да влијаат на намалување на загадувањето, велат еко-активисти.
Прва, најитна и наједноставна мерка што може веднаш да се преземе е да се зголеми бројот на автобуси на најоптоварените линии.
Потоа, да се воведе бесплатен јавен превоз за сите, со цел да се одвратат граѓаните од своите автомобили и да користат јавен превоз.
Најфреквентните улици и булевари можат редовно да се чистат со цистерни и на тој начин да се намали загадувањето со прашина.
Инспекторатот во Градот, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, може да лоцира и да казнува лица кои палат огнови на отворено или непрописно фрлаат шут и смет.
Инспекторатите на општините можат да наложат сериозна контрола на градилишта, миење на тркала на камионите што излегуваат од градилишта.
Преку ЈП Комунална хигиена и Улици и патишта, постојано да се чистат дивите депонии низ градот и физичко да се оградат.
Постојат и други среднорочни и долгорочни решенија што Град Скопје може да ги преземе за да влијае врз загадувањето во градот.
Но, Градот и градоначалничката засега го игнорираат овој сериозен проблем за жителите, но и за туристите и посетителите на македонскиот главен град.