МЕЛАНИЈА ТРАМП, ХЕЛЕН МИРЕН И ВИКТОРИЈА БЕКАМ СЕ ПРОСТУВААТ ОД КРАЛИЦАТА Каква дама, никој не беше како неа (ФОТО)
Цел свет се простува од британската кралица Елизабета Втора, меѓу кои и поранешната дама на Америка, актерката и модната дизајнерка.
Поранешниот претседател и поранешната прва дама на Америка, Доналд и Меланија Трамп испратија заедничка изјава во која ја изразија својата тага поради смртта на британскаата кралица Елизабета Втора. Велат дека секогаш ќе го ценат времето што го поминале со британската владетелка, која ќе ја паметат по големото пријателство, мудроста и смислата за хумор. Нејзиното наследство е огромно, истакнуваат тие.
„Каква убава и голема дама беше – никој не беше како неа“, се вели во соопштението.
Доналд Трамп и порано и упати слични зборови на кралицата.
View this post on Instagram
Актерката Хелен Мирен, која ја глумеше кралицата, изјави дека е горда што била сведок на ерата на Елизабета Втора.
„Тагуваме по жена која, со или без круна, беше олицетворение на благородништвото“, напишала таа.
View this post on Instagram
„Денес е многу тажен ден не само за нашата земја, туку и за целиот свет. Многу сум тажна поради смртта на нашиот сакан монарх, Нејзиното Височество кралицата. Таа ќе остане запаметена по нејзината непоколеблива лојалност и служење, а моите мисли се со кралското семејство во овој неверојатно тажен момент“, напиша модната дизајнерка Викторија Бекам.
View this post on Instagram
Во изјава за новинската агенција PA, Даниел Крег и оддаде почит на Елизабета Втора, велејќи дека кралицата „многу ќе недостасува“.
„Јас, како и многумина, сум длабоко тажен од денешната вест и моите мисли се со кралското семејство, оние што таа ги сакаше и сите оние кои ја сакаа“, рече тој, пренесува „Метро“.
Познатиот музичар Елтон Џон напиша дека кралицата била важен дел од неговиот живот, од детството до денес, и дека многу ќе недостига.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм