Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Б, побара, поради корона-кризата, од поранешниот партнер, холивудската ѕвезда Еди Марфи да ја зголеми алиментацијата од 21.000 фунти што ја плаќа за издржување на нивната 13годишна ќерка Ејнџел
Пејачката сфатила дека нејзиниот приход драстично се намалил поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесува „Сан“.
За Мел Б, 2019 година беше успешна затоа што нејзината група се собра и одржа голема турнеја, но оваа година е сосема спротивна, бидејќи многу од нејзините настапи се одложени.
Сега е објавено дека пејачката побарала зголемување на алиментација за да може заедно да го одржуваат животниот стил на заедничката ќерка.
Мел и Еди Марфи се запознаа во 2006 година, кога актерот се разведе од Никол Мичел.
Пејачката остана бремена на почетокот на нивната врска и Марфи не веруваше дека детето е негово сè додека не се направи тест за татковство.
Кога новинарите го прашаа за бременоста на Мел Б во 2006 година, тој рече дека нема да знае чие дете е, сè додека не го покаже тестот и дека не треба да се брза со заклучоците.
Бидејќи Мел поднесе официјално барање, од актерот сега се бара да открие колку заработува.
Во 2009 година, Мел Б и Марфи се договорија Ејнџел да живее со пејачката, а на таткото му беше наложено да плаќа одредена сума секој месец, како и дополнителни трошоци за здравствено осигурување и образование.
Наводно, Мел безуспешно се трудела да го реши финансискиот проблем без суд и сега побарала ново рочиште во јануари.