МЕКСИКО ГИ НАЦИОНАЛИЗИРА РУДНИЦИТЕ СО ЛИТИУМ Државна фирма ќе го експлоатира вредниот метал
Според одредбите од законот, ексклузивни права на експлоатација на литиумот ќе има државна компанија.
Сенатот на Мексико го изгласа Законот за национализација на резервите и правото на експлоатација на литиум.
Сенатот легислативата ја усвои откако претходно законот беше одобрен и во Долниот дом на мексиканскиот Конгрес. Се очекува дека законот ќе го парафира и претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Според одредбите од законот, ексклузивни права на експлоатација на литиумот ќе има државна компанија. Во Мексико засега нема таков субјект, а мексиканските власти немаат искуство во ископувањето литиум.
Моментално во Мексико има само еден рудник за литиум со кој стопанисува кинеска фирма, а истиот сè уште не е оперативен. Засега не е познато дали и тој рудник што се наоѓа во северниот дел на Мексико ќе биде преземен од мексиканските власти.