🎥 МЕКИЦИ ВО ЛЕВИЦА Ванковска стана баба по вторпат

Си добив девојче од моето втор девојче. Станав баба по вторпат - објави кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска.

791

Кандидатката за претседател од партијата Левица, професорката Билјана Ванковска, непосредно пред почетокот на кампањата го доби најубавиот подарок – доби внука и стана баба по вторпат. Ванковска ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

„Си добив девојче од моето втор девојче. Станав баба по вторпат“ – напиша Ванковска.






Профеорката што влезе во трка за претседател на државата на претстојните претседателки избори, објави и фотографија од новородената внука запишувајќи една интересна симболика.

„Има нешто во ѕвездите! Внуката ми е родена на 27 март, познат и славен ден на пркос и борба“ – објави Ванковска.

 

Поврзани содржини