Мечка тероризирала човек на Алјаска – не му давала да спие цела недела!
Поради лошите временски услови, хеликоптерот кој пренесувал тим научници на истражувачка мисија за диви животни, ја сменил траекторијата, па така го забележале и повикот за помош.
Службениците на американската крајбрежна стража спасиле човек кој со денови ги одбивал нападите од мечка која се враќала секоја вечер во далечен рударски камп на Алјаска.
Тие најпрво виделе сигнал за СОС од кровот на бараката во кампот, а потоа го забележиле и мажот кој мавтал за помош, пренесува Би-Би-Си.
Поради лошите временски услови, хеликоптерот кој пренесувал тим научници на истражувачка мисија за диви животни, ја сменил траекторијата, па така го забележале и повикот за помош.
Човекот им кажал дека веќе една недела ги одбива нападите од мечката, не можел со денови да спие, а се здобил со модринки и повреда на ногата која сам успеал да ја преврзе. Според пишувањето на Њу Јорк Тајмс, човекот снемал муниција во пиштолот кој го имал со себе, а уште поголем проблем бил што бараката во која престојувал била со искорната врата.
– Во еден момент мечката го одвлекла до реката. Имал пиштол. Кажа дека мечката се враќала навечер и тој не бил спиен неколку дена – рекол поручникот Џеред Карбахал.