МЕЏИТИ МУ ПОРАЧА НА АХМЕТИ ДЕКА ЈА ЗАВРШИЛ ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА Од ДУИ велат дека загари биле лидерите на Вреди, а не албанските граѓани

Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми појасни дека изјавата на Ахмети не била насочена кон албанските граѓани, туку, како што вели, кон лидерите на Вреди кои го изгубиле политичкиот легитимитет.

366

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, реагираше на изјава на Али Ахмети.

„Во моментот кога си ги нарекол ‘загари’ сите Албанци кои не мислат како тебе, си ја завршил политичката кариера. Вечерва го стави печатот на делегитимирањето“, напиша Меџити на својот профил на Фејсбук.






Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ДУИ одржа митинг, кој веднаш предизвика реакции во јавноста.

Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив знак на слабеење на позициите на ДУИ.

– Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера – изјави Меџити.

Од коалицијата Вреди најавуваат дека ќе водат кампања со позитивна реторика, конкретни проекти и идеи, нагласувајќи дека граѓаните на 19 октомври ќе имаат вистинска можност да одлучат за промени.

– Со загари не се ловат орли – му порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот собир во Скопје.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, остро одговори на лидерите на коалицијата Вреди, кои вчера го обвинија претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека ги омаловажува албанските гласачи нарекувајќи ги „кучиња“.

Во својата јавна реакција, Адеми појасни дека изјавата на Ахмети не била насочена кон албанските граѓани, туку, како што вели, кон лидерите на Вреди кои го изгубиле политичкиот легитимитет.

„Кучињата не се луѓето што ги измамивте, туку оние што денес седат пред нозете на Мицкоски, без легитимитетот на Албанците“, напиша Адеми на социјалните мрежи.

 

 

Поврзани содржини