МАЖИТЕ СОЗРЕВААТ ДО 43-ТАТА ГОДИНА Новото истражување ја потврдува тезата дека мажите се како деца

Истражувањата покажуваат дека жените обично достигнуваат емоционална зрелост 11 години пред мажите. Мажот ќе стане целосно емотивно зрел околу 43-тата година од животот. Сепак, тоа е случај само ако имаат здрав развој, силни семејни односи и немаат искуства од детството кои негативно влијаат на емоционалниот развој.

841

Емоционалната зрелост не е иста за мажите и жените – постојат значителни разлики меѓу половите, покажува студијата спроведена од заедницата „Our World UK“. Според резултатите од ова истражување, жените обично достигнуваат целосна зрелост до 32-та година од животот, додека мажите продолжуваат да се развиваат до 43-тата.

Истражувањата покажале дека 80% од жените ги доживуваат мажите како оние кои го задржуваат детското однесување.






Склоноста кон брза храна и видео игри, дури и во зрелоста, се само некои од примерите кои се наведуваат.
Дополнително, студијата покажува дека жените често ја преземаат улогата на одлучување во односите. Многу жени чувствуваат потреба често да ги поттикнуваат своите партнери да „постапат во согласност со возраста“.

Иако емоционалната зрелост е нешто што обично претпоставуваме дека доаѓа со возраста, ова ново истражување го покажува спротивното и фрла ново светло на концептот на емоционално созревање.

Всушност, постојат голем број фактори кои влијаат на тоа како и кога емотивно созреваме.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини