📷 МАЖИТЕ ЛУДУВААТ ПО НЕА, НО СЛАВНИОТ СПОРТИСТ ОДОЛЕА НА НЕЈЗИНАТА УБАВИНА Крај на романсата помеѓу Софија Вергара и Луис Хамилтон

Само два месеци откако се раширија гласини дека тие се забавуваат, дојде до пресврт, кој откри дека Софија Вергара повеќе не е со спортистот која е 12 години помлад од неа. Зошто романсата заврши толку брзо?

1,416

Само два месеци откако се раширија гласини дека тие се забавуваат, дојде до пресврт, кој откри дека Софија Вергара повеќе не е со спортистот која е 12 години помлад од неа. Зошто романсата заврши толку брзо?

Софија Вергара (52) беше видена на ручек во ресторан во Њујорк со Формула 1 возачот Луис Хамилтон (40) во средината на јануари. Се шушкаше дека се во врска, со нив биле неколку негови пријатели, а Софија и Луис седеле еден до друг. Извор за ТМЗ изјавил дека актерката едвај ја пробала храната, бидејќи била толку воодушевена од Хамилтон.

 







Меѓутоа, сè заврши брзо. Вергара го сметаше Хамилтон за „совршено момче и вистински улов“, но неговиот интерес за неа исчезна, па поради тоа таа се чувствува „напуштено“, пренесува „Радар онлајн“.

Во меѓувреме, Софија Вергара се појавуваше на холивудските забави и делуваше многу расположена, па судејќи според новите детали за нејзината романса со Хамилтон, можеби во дружењето со пријателите барала лек по емотивниот бродолом и не дозволувала да се забележи нејзиното незадоволство.

Софија Вергара раскина пред врската со Хамилтон раскина со познатиот доктор, а тоа беше нејзината прва романса по разводот со Џо Маганиело, со кој беше во брак седум години.

– Мојот брак се распадна затоа што мојот поранешен сопруг е помлад, тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам „стара мајка“. Се чувствувам дека не е фер кон бебето – изјавила Софија Вергара, чиј поранешен партнер има 48 години.

Вергара рече дека ги почитува жените кои одлучуваат да имаат деца подоцна во животот, но додаде дека тоа не е за неа.

– Добив син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка – рекла актерката.

 

Поврзани содржини