МАЖ СО ПОВРЕДИ И ВО БЕССОЗНАНИЕ ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАР Полицијата истражува што се случило
Лицето е пренесено на скопските клиники каде што лекар констатирал тешки повреди, но повеќе детали за состојбата на лицето не се откриваат.
Во текот на вчерашниот ден пронајдено е машко лице во центарот на Скопје со повреди и во бессознание.
Лицето е пренесено на скопските клиники каде што лекар констатирал тешки повреди, но повеќе детали за состојбата на лицето не се откриваат.
Од полицијата соопштуваат дека случајот детално се истражува.
„На 19.07.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание. Лицето било пренесено во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.