Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ја повика нацијата да се спротивстави на епидемијата на ковид-19, на економската и социјалната криза што ја опфаќа Италија, со упорноста и храброста на оние кои му овозможија на италијанскиот народ пред 75 години да „ја преземе својата судбина во сопствени раце“.
– Мораме да ги обновиме оние позитивни енергии што доведоа до повторното раѓање на Италија – им порача Матарела на Италијанците во пораката до нацијата по повод празникот Ослободување на Италија, кој се слави на 25 април, денот на победата над диктатурата на фашизмот и нацистичката окупација.
– Идејата за моќ, супериорност на раса, угнетување на еден народ против друг, на почетокот на Втората светска војна и отстапи место на соработката во слобода и мир, а во согласност со тој избор, подоцна се роди Европската заедница – рече Матарела.
Тој ги повика Италијанците способноста и знаењето како да ги надминат несаканите проблеми што ги покажаа во минатото, да ги употребат и денес, во тешко време на епидемија која уби многу животи, да работат заедно за повторно воспоставување и обновување на капацитетите за економски и социјален развој.
За првпат откако се слави овој празник, Италијанците не можат да учествуваат во свечени паради, ниту на концерти. Поради епидемијата на коронавирус, забрането е јавно собирање и тие мора да останат дома.