МАСЛИНКИ, АМА И ЛИСЈА И СЕМКИ ОД МАСЛИНКИ Чајот е добар против холестерол и притисок, а семките – против шеќер

Најновите истражувања потврдиле дека чајот од лисја од маслинки има повеќе антиоксиданти дури и од зелениот чај, што го рангира меѓу најздравите чаеви на светот. Малку е познат и фактот дека и семките од маслинки имаат многу корисни ефекти и можат да се користат како лек, а едно од нивните највредни својства е тоа што го намалуваат шеќерот во крвта.

31

Иако во денешно време акцентот е ставен на маслинките и нивните производи, а особено се истакнуваат здравствените придобивки од маслиновото масло, овојпат ќе ставиме акцент на фантастичните својства на лисјата и на семките од маслинките.

Имено, маслиновите лисја кријат многу лековити својства, а малку е познат фактот дека и семките од маслинки имаат многу корисни ефекти и можат да се користат како лек.






За што е добро да се консумира чај од маслинови лисја?

Најактивното соединение во лисјата од маслинки, кое главно е поврзано со терапевтски ефекти, се нарекува олеуропеин (горчлив монотерпен глукозид) и има исклучително силно антибактериско дејство.

Маслиновиот лист ја подобрува состојбата на голем број болести предизвикани од микроби – пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, итн. Добар е и за инфекции на уринарниот тракт, но и за хируршки инфекции. Докажано е дека маслиновиот лист истовремено спречува и инфекции предизвикани од дејството на габите.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини