САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЈА ХОНГ КОНГ, ОАР, КИНА И ОМАН Банки под ваша јурисдикција профитираат од нелегални активности на Иран

Во писмото испратено до овие земји се бара да преземат брзи мерки против споменатите банки и да ги спречат ваквите дејствија.

59

Министерството за финансии на САД ги предупреди  Обединетите Арапски Емирати, Хонг Конг, Кина и Оман, дека банки под нивна јурисдикција му помагале на Иран во нелегални активности и од тоа профитирале од нелегални ирански активности.

Во писмото испратено до овие земји се бара да преземат брзи мерки против споменатите банки и да ги спречат ваквите дејствија.







Според објавата Иран обработил најмалку 9 милијарди долари во 2024 година преку американски дописнички сметки користејќи голем број компании-парава, главно во Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати, и продолжува да го прави тоа.

„И покрај сеопфатните санкции што ги наметнаа Соединетите Американски Држави врз Иран, режимот продолжува да го експлоатира меѓународниот финансиски систем преку фиктивни компании, банкарство во сенка, измамнички практики и попустливи регулаторни рамки. Во октомври 2025 година, Мрежата за спроведување на финансиски криминал (FinCEN) на Министерството за финансии на САД ги предупреди финансиските институции за сложените финансиски канали на Иран и повика на зголемена будност во борбата против активностите на режимот. Министерството за финансии верува дека некои од тие трансакции, како и дополнителните трансакции по 2024 година, биле обработени од банките што ги надгледувате преку нивните американски дописнички банки во име на директни клиенти поврзани со Иран“ се наведува во писмото што го објави дипломатскиот дописник Елизабет Хагедорн.

Поврзани содржини