Маски не носеле 845 граѓани, а уште 217 ставени во изолација

326

Вчера и денеска (13/14.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација – информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано  дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.






Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845  прекршоци.

Поврзани содржини