МАНИЈАК СЕ СОБЛЕКОЛ ПРЕД 2 ДЕВОЈЧИЊА ВО РЕСЕН Полицијата му поднесе кривична пријава за полово вознемирување
На 29.9.2025 година пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал, соопшти полицијата.
Маж на 31-годишна возраст пред 5 дена вознемирил две девојчиња во Ресен. Тој се соблекол пред нив.
Полицијата му поднесе соодветна кривична пријава.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Полово вознемирување. На 29.9.2025 година пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал“, соопшти полицијата.