Малолетник возел „ауди“, сопатничката е тешко повредена

443

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила вчера околу 15.30 часот на локалниот пат меѓу селата Брњарци и Стајковци.

Во незгодата учествувале автомобил „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишен малолетник од Арачиново и автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(20) од Скопје.






„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во патничко моторно возило „ауди А4“ која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

 

Поврзани содржини