МАЛОЛЕТНИЦИ ВОЗЕЛЕ БЕЗОБЅИРНО, АЛКОХОЛОТ НЕ ИЗОСТАНАЛ Во едно деноноќие приведени 23 возачи низ државата
Полицијата во изминатите 24 часа привела 23 возачи поради безобѕирно управување со возило. Најголемиот дел од нив немале возачка дозвола, а меѓу приведените имало и тројца малолетници.
Полицијата во изминатите 24 часа привела 23 возачи поради безобѕирно управување со возило. Најголемиот дел од нив немале возачка дозвола, а меѓу приведените имало и тројца малолетници.
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 23 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од приведените, 21 лице управувале возило без возачка дозвола. Меѓу нив имало и тројца малолетници. Дополнително, двајца возачи биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол.
Најмногу случаи биле евидентирани во Скопје, каде што биле приведени осум лица, меѓу кои и еден малолетник. Во Гостивар биле затекнати четворица возачи без дозвола, од кои еден малолетник.
По двајца возачи биле приведени во Кичево, а по едно лице во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино, Валандово, Битола и во Прилеп. Малолетник бил затекнат и во Неготино.
Во Битола и во Штип, пак, по еден возач управувал возило под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството повторно апелира до граѓаните да не управуваат возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол или во период кога имаат изречена забрана за управување.