МАЛОЛЕТНИЦИ СО МОТОЦИКЛ УДРИЛЕ ВО ПОЛИЦАЕЦ, НЕ ЗАСТАНАЛЕ НА „СТОП“ При приведувањето едно момче нападнало полицаец
Лишени од слобода се двајца 16-годишници од Скопје, кои не застанале на полициска патрола и со мотоцикл удриле полицаец. Едниот од нив агресивно се однесувал при лишувањето од слобода, соопшти МВР.
При вршење службени дејствија, на 09.01.2026 околу 00:10 часот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците. Момчето не застанало на знакот за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди. Набргу, по преземени мерки мотоциклот бил запрен и двете момчиња биле фатени. При тоа малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.