МАЛКУ КОЈ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ 30.000 ДЕНАРИ Премиерот вели дека народот ќе ги препознае добрите политики

Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики, напишал Ковачевски на својот фејсбук-профил.

97

„Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на првичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!“, објави на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

„Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата“, објави Ковачевски.






Тој изразува благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои, како што напиша, доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување.

„Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на СДСМ“, напиша Ковачевски.

Поврзани содржини