МАКСО ГО ИЗНЕРВИРА СДСМ „Интересот на граѓаните е поважен од оној на Димитриевски”
„Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци“, остро реагираа од матичната партија на Димитриевски.
Независната кандидатура на Максим Димитриевски во Куманово се чини дека го изнервира штабот на неговата матична партија СДСМ, за која тој „им свртел грб на граѓаните со овој чин“, јавуваат КумановскиМуабети.
Димитриевски од денес ќе почне да собира потписи, а СДСМ експресно излезе со свое соопштение.
Еве што напишаа од партијата:
„СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро.
Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.
За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или било кој друг личен интерес.“