Макрон загрижен дека епидемијата ќе ја поткопа Европската Унија

455

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги предупреди лидерите на земјите-членки на Европска Унија дека кризата со новиот коронавирус го доведува под прашање „опстанокот на европскиот проект“.

– Постои ризик дека епидемијата ќе ги поткопа основните столбови на Унијата – изјави Макрон на вчерашниот Европски совет, што се одржа преку видео-конференциска врска.






Тој додаде дека постои опасност од распаѓање на шенген просторот за слободно движење. Шенгенскиот договор вчера одбележа 25 години со затворени внатрешни граници на ЕУ поради Ковид-19.

На виртуелниот Самит на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни против издавањето на заеднички европски „корона обврзници“ со цел да се поддржи економијата.

Франција и Италија неодамна предложија издавање на такви „обврзници“.

Поврзани содржини