Макрон: Вакцината треба да ја направиме светско јавно добро
Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро - изјави Макрон на отворањето на првиот голем „вакцинодром“ во Париз.
Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против ковид-19 откако идејата ја изнесе неговиот американски колега Џо Бајден.
– Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро – изјави Макрон на отворањето на првиот голем „вакцинодром“ во Париз.
Сепак, тој истакна дека сега се краткорочно важни донациите и производството во партнерство со сиромашните земји.
Макрон на 23 април се изјасни против моментално укинување на заштитата на интелектуалната сопственост над вакцините.
Тој објасни дека проблемот е во трансферот на технологија.
– Можете да ја пренесете интелектуалната сопственост на фармацевтите во Африка, но тие немаат платформа за производство на гласник РНК. Ние сакаме да пренесеме технологија и знаење за да направиме платформи во Африка и тоа е клучот за сè – рече Макрон.