Макрон: Сега не е време за меѓународна истрага за пандемијата на коронавирусот

732

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата на австралискиот премиер Скот Морисон за итна меѓународна истрага за пандемијата на новиот коронавирус.

Макрон во телефонски разговор со Морисон му рекол дека сега не е време.






Во моментов има итна потреба да се дејствува во синхронизација против вирусот, а не да се бара кој е виновен – изјавил францускиот претседател.

Според портпарол на Елисејската палата, Макрон сепак признал дека „има некои проблеми“ и ја истакнал „потребата за транспарентност од страна на сите играчи, а не само на СЗО“.

Поврзани содржини
na