Макрон: Наскоро е можно примирје во Нагорно Карабах

Елисејската палата соопшти дека Макрон доцна синоќа разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и рано утрово со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со цел „продолжување на преговорите во наредните денови“

194

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека наскоро може да се склучи примирје во конфликтот во Нагорно Карабах, иако ситуацијата таму се уште е нестабилна.

Елисејската палата соопшти дека Макрон доцна синоќа разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и рано утрово со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со цел „продолжување на преговорите во наредните денови“.






Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах ескалираа на 27 септември.

Двете страни прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавија жртви, вклучително и цивили

 

Поврзани содржини