Макрон испи утринско кафе на тераса со премиерот

333

Францускиот претседател  Емануел Макрон  и премиерот Жан Кастекс, утринава го испија утринското кафе на тераса од бистро во близина на Елисејската палата.

Емануел Макрон успеа во својата цел, да ги отвори терасите на рестораните во средината на мај.






Добрата вест пристигна поради јасното повлекување на епидемијата и над 20 милиони вакцинирани лица во земјата.

Од денеска, како што веќе јавивме, во Франција се отвораат и кино салите, театрите и спортските сали, како и продавниците. Полицискиот час почнува во 21 часот,  место досегашниот од 19 до 6 часот.

Поврзани содржини