ХОМОСЕКСУАЛЕЦ И ПОЛУПРАВОСЛАВЕН Новиот француски премиер кој го постави Макрон е најмлад во француската историја
Се чини дека Атал исто како и Макрон се води од идејата за укинување на старата поделба на левица и десница во Франција. Тоа нема да му ја олесни борбата со тврдите десничари на Марин Ле Пен кои сé поизвесно е дека ќе поентираат на европските избори.
Оставката на француската премиерка Елизабет Борн, која беше „исцедена“ од реформата на пензискиот систем и од законот за имиграција, претседателот Емануел Макрон ќе биде наследен со млада и полетна сила – 34-годишниот социјалист Габриел Атал, кој воeдно ќе биде најмладиот и првиот отворено хомосексуален француски премиер во историјата.
Неговиот татко бил православен, но Атал изјавил дека се чувствува како Евреин.
Подемот на Атал е брз, пишува Би-би-си. Пред десет години привлечниот Атал беше непознат советник во Министерството за здравство и активен член на социјалистите. Тој моментално е министер за образование. Неговата задача ќе биде следна – да ја внесе француската влада во важните избори за Европскиот парламент во јуни.
Атал е „генијалче“ на Макрон, слично како европратеникот Стефан Сежурне. Би-Би-Си прашува дали е доволна неговата привлечност за да го надмине предизвикот од француската националистичка десница која е во пораст. Го викале „снајперист“ во францускиот парламент бидејќи брзо одговарал на сите прашања.
Се чини дека Атал исто како и Макрон се води од идејата за укинување на старата поделба на левица и десница во Франција. Тоа нема да му ја олесни борбата со тврдите десничари на Марин Ле Пен кои сé поизвесно е дека ќе поентираат на европските избори.
Сепак, Би-Би-Си пишува дека „дури и опозициските личности признаваат дека тој е класа – почитуван е и сакан во Националното собрание“.
Атал е син на Иво Атал, адвокат и филмски продуцент со туниско-еврејско потекло, кој почина во 2015 година, и Мари де Курис, која потекнува од православно христијанско семејство од Одеса. Израснал во Париз со три помали сестри и го користи целосното име Габриел Атал де Курис.
Во 2019 година, Атал изјави за Либерасион дека неговиот татко му рекол дека можеби е православен, но дека цел живот ќе се чувствува Евреин, најмногу затоа што ќе се соочи со антисемитизмот поради неговото име.
Се школувал во приватно училиште, во кое посетувале деца на родители од висок профил по политика и уметност во Париз, каде англискиот јазик е задолжителен од основно ниво.
Подоцна раскажал како го малтретирале на училиште. По дипломирањето влегол во престижниот париски институт за политички науки, а магистрирал јавни работи.