МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ МОЖАТ ДА СЕ СТЕКНАТ СО ГЕРМАНСКА ДИПЛОМА Нема потреба да ја напуштат земјата

Она што го прави Хајделберг различен е дуалниот модел на образование. Тоа значи дека студентите паралелно со наставата имаат платена пракса во компании (банки, ПР агенции, компании од ТИРЗ зоните), каде стекнуваат реално искуство уште за време на студиите.

320

Младите во Македонија сè почесто размислуваат да студираат во странство, особено во Германија, земја позната по високите стандарди во образованието. Но, голем дел од идните бруцоши можеби не знаат дека истиот германски модел на образование, со целосно признаена диплома, е достапен и во Македонија.

Хајделберг Факултет во Скопје е единствената високообразовна установа во земјава која што нуди две дипломи – германска и македонска, овозможувајќи им на студентите да градат кариера и дома и во странство. Со тоа, студентите не мора да се селат во друга држава за да добијат европски квалитет на образование.






Она што го прави Хајделберг различен е дуалниот модел на образование. Тоа значи дека студентите паралелно со наставата имаат платена пракса во компании (банки, ПР агенции, компании од ТИРЗ зоните), каде стекнуваат реално искуство уште за време на студиите. Овој систем им овозможува веднаш по дипломирањето тие да бидат подготвени за пазарот на труд, нешто што е вистинска реткост за класичните високообразовни модели.

Ова се компаниите каде ќе работат идните студенти запишани на факултетот:

Линк: https://www.facebook.com/heidelbergfacultyskopje/videos/640944255262332

На Хајделберг Факултет во Скопје секој студент има свој ментор, кој го води низ студиите и низ кариерата. Предавањата се интерактивни, со примери од реалниот бизнис и ИТ свет, а студентите се охрабруваат да размислуваат критички и да креираат решенија, а не само да меморираат факти.

Со двојната диплома, дипломците на Хајделберг се конкурентни на македонскиот, германскиот и европскиот пазар. Дел од нив продолжуваат магистерски студии во странство, а многумина веќе за време на студиите добиваат понуди за работа од компании-партнери.

„Она што најмногу ме изненади е што не се чувствувам како обичен студент, односно уште од првата година сум дел од компанија и стекнувам искуство што ќе биде клучно за мојата иднина “, вели една студентка од Хајделберг Факултет во Скопје.

Со Хајделберг, Македонија добива европски стандарди во високото образование, а младите можат да ја градат својата иднина без да заминат од земјата.

Конкурсот за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2025/26 година е веќе во тек, а  голем број од местата се веќе пополнети.

На студиската програма Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг има место за 30 студенти, исто колку и на студиската програма Податоци и компјутерски науки.

Во Македонија и во земјите од Западен Балкан се студира според германски студиски програми (на англиски јазик), кои се признаени од Универзитетот Провадис во Франкфурт, од каде и се издава универзитетската диплома.

 

Поврзани содржини