Македонски пасош добил и Луј Волина, осуден во Шпанија за трговија со дрога

Луј Волина, македонски државјанин со 'традиционално‘ македонско име веројатно крстен на дедо му е осуден во Шпанија во 2020 година поради трговија со дрога, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на Фејсбук.

1,219

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на социјалната мрежа Фејсбук открива дека Луј Волина, осуден во Шпанија за трговија со дрога, добил македонски пасош од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Луј Волина, македонски државјанин со ‘традиционално‘ македонско име веројатно крстен на дедо му е осуден во Шпанија во 2020 година поради трговија со дрога. Нема нарко-бос на кој не му дале македонски пасош. Оставки и одговорност!“, напиша Николоски на Фејсбук.






ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена ја обелодени аферата „Мафија“, а досега изнесе докази за неколку нарко-босови од Балканот кои поседуваат македонски пасоши со украдени идентитети.

Поврзани содржини