Македонија, Словачка и Чешка заеднички ќе чествуваат „По трагите на светите Кирил и Методиј“

Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, истакна премиерот Заев на средбата.

514

Манифестацијата  „По трагите на светите Кирил и Методиј“ оваа година е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Република Чешка и Република Северна Македонија, покрај традиционалниот домаќин – Република Словачка.

Ова го изјави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата  Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка, кој на средбата денеска во Владата му беше претставен на премиерот Зоран Заев од  амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.






Заев на средбата предложи, а од страна на гостите било со задоволство прифатено како укажана чест, оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 – годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

– Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја – истакна премиерот Заев на средбата.

 

Поврзани содржини