МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ВЕЛС Го нема Алиоски на списокот, Милевски повика тројца нови играчи
Селекторот Благоја Милевски ги соопшти имињата на 28-те фудбалери за ноемвриските натпревари против Летонија и Велс, без Алиоски, но со три повратници во националниот тим.
Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на играчи за претстојните натпревари против ноемвриски натпревари на Македонија.
Нашата селекција ќе одигра два дуели, еден контролен со Летонија и последниот во мундијалските квалификации со Велс.
На списокот на Милевски се безмалку истите 28 фудбалери кои настапија и во октомвриските натпревари со Белгија и Казахстан. Од комбинација отпадна повредениот Езѓан Алиоски, а повратници во тимот се Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија);
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Бојан Димоски (ТСЦ Бачка Топола, Србија), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија);
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија), Давид Бабунски (Вардар);
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Елмин Растодер (Тун, Швајцарија), Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед, Шкотска), Лирим Ќамили (Сондерјиске, Данска).
– Списокот е сличен на претходниот, со додадени Димоски, Трапановски и Ќамили, кои не беа со нас во октомври. Се надевам дека сите ќе останат здрави до понеделник и ќе се јават на повикот. Контролниот меч со Летонија ќе ни помогне за подготовката, ќе дадеме минутажа на играчи кои помалку настапуваат, и ќе пробаме нови идеи. Иако, ако можев да бирам, можеби не би го одиграл, сепак нашата обврска е да играме десет натпревари во годината. Одиме на секој натпревар со цел победа. Сакам да докажеме дека не сме случајно конкурентни и повторно да се бориме за место во баражот за Светското првенство. Подготовката секогаш е за победа, нема калкулации, нема играње само на бод – рече селекторот Милевски.
Првиот натпревар против Летонија ќе се игра во Скопје на арената „Тодор Проевски“ на 13 ноември (18 часот).
Дуелот од квалификациите за СП 2026-та против Велс е пет дена подоцна (18 ноември).
Нашата репрезентација ќе се бори за второто место во групата, кое обезбедува подобра позиција во баражот. Доколку Велс претходно не слави со повеќе од шест голови против Лихтенштајн, тогаш на македонските фудбалери ќе им биде доволно и реми во Кардиф.
На табелата од квалификациите за СП 2026, Македонија е на второто место со 13 бодови, еден помалку од лидерот Белгија. Велс е на третото место со 10 бодови и натпревар помалку од нашата селекција.