Македонија и војната на Блискиот Исток, криза или стратешка предност?
За Македонија, вистинската шанса лежи во трансформацијата од пасивна изложеност кон активно позиционирање, низ логистиката, енергијата, инвестициите и синџирите на снабдување. За Македонија, можноста не е во самата војна, туку во тоа да стане логистичка, енергетска и инвестициска алтернатива додека другите се соочуваат со нарушувања. Кризите не создаваат победници, едноставно кризите откриваат кој е подготвен, а кој не е.
Тековната нестабилност на Блискиот Исток веќе произведува сериозни последици врз глобалните пазари, енергетските системи и врз синџирите на снабдување. За мали, увозно зависни економии, како Македонија, првичниот ефект е секогаш негативен; раст на цените на енергенсите, инфлаторни притисоци и зголемена економска неизвесност.
Овие кризи не создаваат само ризици, туку и структурни поместувања, а токму во тие поместувања се кријат можностите за земјите како нашата. А клучното прашање не е дали Македонија ќе биде погодена, туку дали ќе успее стратешки да се позиционира и да ја претвори кризата во предност.
Од ранливост кон стратешко позиционирање
Во моментот, Македонија е повеќе ранлива отколку подготвена да профитира. Високата зависност од увоз на енергија, ограничената индустриска база и чувствителноста на надворешни шокови ја прават економијата подложна на турбуленции, особено како пасивен примател на инфлација.
Но, токму оваа позиција, географската и економската, може да се претвори во предност доколку се искористи навремено и како што треба.
Регионален логистички и транзитен центар
Прекинот и пренасочувањето на традиционалните трговски рути, особено оние поврзани со Блискиот Исток, ја отвораат можноста Југоисточна Европа да се наметне како алтернативен коридор до Европа.
Македонија има потенцијал да се позиционира како мост помеѓу Медитеранот и Централна Европа, особено преку поврзаноста со Грција и со европските пазари.
За тоа се потребни следните работи:
• забрзани инвестиции во патна и железничка инфраструктура;
• развој на логистички центри и складишни капацитети;
• интеграција во регионалните транспортни мрежи.
Економскиот бенефит не е само во транзитот, туку во додадената вредност, преку услуги како дистрибуција, складирање и регионална координација.
Привлекување на ре-лоцирани инвестиции (Nearshoring)
Глобалните компании се повеќе го намалуваат ризикот од нестабилни региони и се насочуваат кон нешто што се вика nearshoring, што значи приближување на производството до европските пазари.
Македонија веќе се располага со:
• технолошки и индустриски зони;
• конкурентни трошоци за работна сила;
• близина до ЕУ.
Со соодветни политики, Македонија може да привлече инвестиции во:
• автомобилската индустрија;
• електро-индустријата;
• лесната преработувачка индустрија.
Клучот е да се позиционира како стабилна и економски ефикасна база, блиску до ЕУ, во време кога глобалните компании го преиспитуваат ризикот.
Енергетика: од слабост до можност
Енергетската зависност е една од најголемите слабости, но истовремено и можност за пресврт.
Македонија може:
• да го забрза развојот на обновливи извори (особено соларни);
• да го зголеми домашното производство на електрична енергија;
• да создаде предуслови за делумен енергетски извоз.
Едноставна е логиката: намалувањето на зависноста значи поголема стабилност и понизок ризик, а вишокот производство креира нови економски ресурси. Во контекстот на регионална енергетска нестабилност, дури и делумната независност станува стратешка предност.
Земјоделство и храна
Кризите често предизвикуваат нарушувања во снабдувањето со храна и раст на цените. Ова отвора простор за земји кои можат да го зголемат домашното производство. Македонија треба:
• да го зголеми земјоделското производство;
• да инвестира во модернизација на земјоделството;
• да таргетира регионални пазари кои имаат недостиг.
Дури и скромните зголемувања на производството можат да се претворат во раст на извозот и во ценовна предност, особено во време на ограничена глобална понуда.
Искористување на меѓународна финансиска поддршка
Кризите ги мобилизираат меѓународните финансиски институции и партнерите за развој. Организации како што се Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската банка за обнова и развој, обично ја прошируваат поддршката за ранливите економии за време на периоди на нестабилност.
Македонија треба проактивно:
• да обезбеди средства за инфраструктура;
• да финансира енергетска транзиција;
• да ја зајакне буџетската стабилност.
Раното ангажирање е од клучно значење. Пристапувањето до средства пред да се влошат условите овозможува стратешки инвестиции, наместо итен одговор или реактивно делување.
Позиционирање како стабилна економија
Во услови на глобална нестабилност, капиталот се движи кон предвидливи економии или средини. Македонија може да се претстави како:
• политички стабилна;
• надвор од директни конфликти;
• економски конкурентна.
Стабилноста, во вакви услови, станува реална конкурентска предност.
Интеграција во новите синџири на снабдување
Ре-структурирањето на глобалните синџири на снабдување е една од најважните последици од кризата. Македонија веќе ја ориентира својата економија кон раст предводен од извоз и интеграција во европските синџири. Сегашната ситуација го забрзува овој процес. Можноста е во:
• вклучување како добавувач за европски индустрии;
• замена на прекинати или ризични пазари;
• зајакнување на индустриските врски со ЕУ.
Ова не е краткорочна добивка, туку структурна трансформација што може да го дефинира долгорочниот раст.
Клучниот фактор: брзина и одлучност
Ниту една од овие можности не е автоматска. Тие зависат од:
• брзи и координирани одлуки;
• дисциплинирана економска политика;
• ефективна соработка помеѓу државата и приватниот сектор.
Без тоа, Македонија нема да профитира, туку само ќе ги апсорбира негативните последици од кризата.
Заклучок
Кризата на Блискиот Исток не е можност сама по себе. Таа е стрес-тест за економска издржливост/отпорност и за стратешкиот капацитет.
За Македонија, вистинската шанса лежи во трансформацијата од пасивна изложеност кон активно позиционирање, низ логистиката, енергијата, инвестициите и синџирите на снабдување. За Македонија, можноста не е во самата војна, туку во тоа да стане логистичка, енергетска и инвестициска алтернатива додека другите се соочуваат со нарушувања. Кризите не создаваат победници, едноставно кризите откриваат кој е подготвен, а кој не е.
(Авторот е генерален директор на Институтот за стратегиски и безбедносни студии – Скопје)