МАКЕДОНИЈА И КАЗАХСТАН ЌЕ ГИ ПРОДЛАБОЧАТ ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ Муцунски и Нуртлеу договорија билатерална соработка
Во фокусот на разговорите беа можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со посетата на министерот Муцунски во Казахстан.
Во рамки на работната посета на Република Казахстан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу.
Во фокусот на разговорите беа можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје, информираат од Министерството.
Двајцата министри се согласиле дека постои значителен потенцијал за натамошно продлабочување на односите, особено во економската сфера – преку зголемување на трговската размена и поттикнување на странски директни инвестиции. Било истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, при што биле разменети мислења за низа актуелни прашања од регионален и поширок контекст.
Средбата била заокружена со потпишување на Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.