МАГЛА, СНЕГ И ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ Бидете внимателни, АМСМ ги предупредува возачите

Зимските услови на патиштата носат намалена видливост, влажни и заснежени коловози, а АМСМ апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено на планинските делници и низ клисурите.

101

Aвто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со претежно влажни коловози, а на некои планински делници се регистрирани и задржувања на снег.

Снег се бележи на Попова Шапка, особено на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка, каде коловозот е навлажнет и со снежна покривка. Намалена видливост поради магла се регистрира на повеќе патни правци: до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на планинскиот премин Стража и до 50 метри кај Маврово.






Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите на сите патишта, а особено низ котлините, речните долини и клисурите, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните знаци. Особено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои ризик од одрони и заснежени коловози.

Поврзани содржини