🎥 МАДОНА НАПРАВИ СПЕКТАКЛ СРЕДЕ ЊУЈОРК Бесплатниот настап пред илјадници луѓе стана жешка тема на социјалните мрежи

За време на бесплатниот настап на Тајмс Сквер, 67-годишната пејачка ја префрли ногата преку оградата, предизвикувајќи воодушевување кај публиката, но и загриженост на социјалните мрежи. Некои коментираат дека е премногу стара за тоа, ама ние би рекле - ако може Мик Џегер на 80 години да рипа по два саати на сцена, зошто да не може Мадона

0

 

Легендарната пејачка ги изненади обожавателите со бесплатен настап на Тајмс Сквер, а еден момент од концертот стана вирален и ги преплави социјалните мрежи.
За време на настапот, 67-годишната музичка икона се приближи до самиот раб на сцената и  ја префрли ногата преку заштитната ограда, предизвикувајќи воодушевување кај публиката собрана под сцената.
Снимките од тој момент брзо се проширија низ интернет, а бројни корисници коментираа дека Мадона сè уште не го изгубила статусот на една од најпровокативните и најхаризматичните ѕвезди во светот на забавата. 





Изненадувачкиот настап беше организиран по повод Месецот на гордоста, но и за промоција на нејзиниот нов албум „Confessions II“, кој е продолжение на едно од нејзините најуспешни изданија, албумот Confessions on a Dance Floor од 2005 година.
Публиката уживаше во нејзините изведби на хитови како „Hung Up“ и „I Love New York“, како и во новите песни од нејзиниот претстоен албум.
Но додека многумина ја пофалија за нејзината енергија и самодоверба, имаше и такви кои сметаа дека треба да го промени својот пристап.
– Мадона продолжува да ја тресе сцената. Помладите изведувачи можат само да посакаат таква долговечност – напиша еден корисник. Други ѝ рекоа дека сè уште изгледа како вистинска ѕвезда, но не беа сите воодушевени.
Некои коментираа дека премногу се труди да го одржи имиџот што го имаше во помладите денови.
– Тажно е да се види како очајно се обидува да ја врати младоста – напиша еден, а друг рече:
Некои, исто така, изразија загриженост за самиот потег на сцената, забележувајќи дека ставањето на ногата преку оградата можело да заврши со несреќа. Тие коментираа дека е премногу стара за такви егзибиции, ама ние би рекле – ако може Мик Џегер на 80 години да рипа по два саати на сцена, зошто да не може Мадона?!
Поврзани содржини