13-ГОДИШНО ДЕТЕ СО ТРОТИНЕТ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Малолетник од Кичево заврши во болница

13-годишно дете од Кичево е тешко повредено по судир со паркиран автомобил додека управувало електричен тротинет.

215

Тринаесетгодишно дете од Кичево се здобило со тешки телесни повреди откако електричен тротинет со кој управувал удрил во паркирано возило во градот.

Инцидентот се случил на 04.06.2026 година околу 11:15 часот на улицата Рудничка во Кичево.






Според информациите од полицијата, малолетникот управувал електричен тротинет кога удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д. (47) од Кичево.

Во несреќата, детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кичево, која работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини