САКАМЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ НА НАШАТА СЕВЕРНА ГРАНИЦА Во Тиват силна поддршка од Грција за проширувањето на ЕУ

Денеска ќе имам можност да ја изразам таа поддршка, која веќе од јуни 2003 година беше изразена со Декларацијата од Солун – изјави претседатаелот на Грција Константинос Тасулас.

2

Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, како прашање од национален интерес, ја повтори и истакна претседателот на Грција Константинос Тасулас при пристигнувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, потенцирајќи дека сакаат на север да имаат европско институционално опкружување, јави дописничката на МИА од Атина.

– Како што е познато, Грција, веќе со децении, од 2003 година, цврсто ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Тоа е и прашање од национален интерес. Грција сака на своите северни граници да има ЕУ-институционално опкружување и затоа и денеска ќе имам можност да ја изразам таа поддршка, која веќе од јуни 2003 година беше изразена со Декларацијата од Солун, каде што започна патот на земјите од Западен Балкан кон Европа, порача Тасулас.






Поврзани содржини