Не е никаква новост дека Мадона сака да скандализира, а овој пат тоа успешно го направила со комбинација на облека којашто деновиве се наоѓа на насловните страници на сите таблоиди.
Мадона (62) се појавила на забавата во престижниот клуб во Њујорк, „Boom Boom Room“.
На изненадување на присутните, Мадона се качила на сцената и извела неколку свои хитови. Како што пишуваат странските медиуми, малкумина ја имале среќата да ја видат и слушнат кралицата на поп-музиката таа вечер во престижниот клуб. Инаку, сето тоа било во склопот на одбележувањето на парадата на гордоста.
View this post on Instagram
На забавата, меѓу другите, присуствувале и нејзината ќерка Лурдес, манекенката и актерка Емили Ратајковски и водителот Енди Коен.
Сепак, сите погледи биле свртени кон Мадона и нејзиното момче, Ахламалик Вилијамс, поради комбинацијата на Мадона, која открила повеќе од потребното.
Во мрежести чорапи и маица, со кратки кожени панталони и конечно, без ништо што би ги покрило градите, Мадона дефинитивно била ѕвезда на вечерта.
Забавата била во чест на викендот на гордост, а Мадона им порачала на насобраните „ништо да не земаат здраво за готово“, и да научат да се сакаат себеси.
View this post on Instagram