Мачка спасила маж кој паднал во канал

595

Една мачка станала вистинска хероина во Јапонија, откако значајно придонела во пронаоѓањето и спасувањето на маж кој паднал во канал, јави јапонската телевизиска станица НХК во саботата.

Градските власти на Тоиома ја наградиле бестрашната мачка со благодарница, стои во извештајот.






Еден постар човек забележал дека мачката не престанува да зјапа во каналот за наводнување, поради што, заедно со неколку други сограѓани, отишол да види што се наоѓа таму.

Се изненадиле кога во каналот го здогледале неподвижното тело на еден маж кој паднал во каналот, при што бил полесно повреден.

Веднаш му пришле и го извлекле мажот од каналот. За среќа, тој поминал со полесни повреди и гребнатини, стои во извештајот.

 

Поврзани содржини