МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА, БРИТАНИЈА….Светската здравствена организација свика итен состанок
Германија денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, а нови случаи на зараза претходно пријавија и Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија. Случаи на мајмунски сипаници се откриени и во Португалија, Шведска, Белгија како и во САД и Канада. Болеста досега вообичаено беше концентрирана во Централна и Западна Африка.
Светската здравствена организација (СЗО) за денеска свика итна средба на своите врни експерти заради зголемувањето на бројот на заболени од мајмуни сипаници, пренесува британскиот весник „Индипендент“.
Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, изјави дека Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска потврдила уште 11 случаи на мајмунски сипаници во земјата, а повеќето од пациентите имаат благи симптоми, пишува британскиот весник. Во Велика Британија се регистрирани вкупно 20 случаи.
Се верува дека главни теми на разговор ќе бидат начинот на ширење на вирусот, невообичаено високата стапка на инфекција кај геј и бисексуалните мажи и ситуацијата со вакцинацијата, пишува британскиот весник.
Германија денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, а нови случаи на зараза претходно пријавија и Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија. Медицинската служба на германските вооружени сили денеска соопшти дека го потврдила првиот случај на мајмунски сипаници.
„Институтот за микробиологија на германските вооружени сили во Минхен сега, исто така, несомнено го откри вирусот на мајмунски сипаници, за прв пат во Германија на 19 мај 2022 година, кај пациент со карактеристични кожни лезии“, соопшти медицинската служба.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека врз основа на достапните информации, тој претпоставува дека вирусот не се пренесува така лесно и оти неговото ширење може да се спречи доколку здравствените власти брзо дејствуваат.
Италија денеска потврди уште два случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници, регионалните власти во Мадрид пријавија уште 14 случаи, а Велика Британија 11 новозаразени. И Франција денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници.
Случаи на мајмунски сипаници се откриени и во Португалија, Шведска, Белгија како и во САД и Канада. Болеста досега вообичаено беше концентрирана во Централна и Западна Африка.
Групата најразвиени земји Г7 денеска постигнаа договор за зајакнување на епидемиолошките системи за рано предупредување и откривање на заразни болести кои можат да предизвикаат пандемија.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах, кој беше домаќин на дводневниот состанок на Г7 во Берлин оваа недела, рече дека веќе постоечката канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) во Берлин би можела побрзо да собира и анализира податоци.
Лаутербах рече и дека Г7 сака долгорочно да ги зголеми задолжителните финансиски придонеси за СЗО за 50 отсто, за да може да ја извршува својата глобална функција. Тој додаде дека земјите од Г7 се согласиле подобро да го заштитат светското население од влијанието на глобалното затоплување врз здравјето, вклучително и промените во делот на медицинската обука што се занимава со климатските промени.
Министрите за здравство на Г7 се согласија да дадат поголема поддршка за развојот на нови антибиотици, кои би можеле да помогнат во лекувањето на резистентни соеви на бактерии кои убиваат милиони пациенти секоја година.
Членки на Г7 се САД, Канада, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Јапонија.