МАЈКЛ ЏОРДАН УЖИВА НА ЈАХТА ВО СПЛИТ Славниот кошаркар ќе плаќа милион евра неделно за кирија
За воопшто да стапнат на јахтата „О’Пара“, Џордан и неговата сопруга Ивет Прието ќе плаќаат милион евра неделно за кирија. Уште не се знае до кога тие ќе останат на одмор.
Во 95-метри долга јахта која има дури шест палуби, на Сплит ужива познатиот кошаркар Мајкл Џордан со неговата сопруга, а тие вчеравечер далеку од очите на јавноста слетале во овој хрватски град, пишува ЈутарниЛист. Се претпоставува дека Џордан од аеродромот влегол во едно од трите црни комбиња кои го донеле до западниот брег на Сплит, каде го чекала јахтата.
Порталот 24сата објави слики од луксузната внатрешност на јахтата.
Zavirite u unutrašnjost jahte na kojoj Jordan odmara u Splituhttps://t.co/A70lABhiS1 pic.twitter.com/xXNZrN30Ay
— 24sata (@24sata_HR) August 23, 2021
За воопшто да стапнат на јахтата „О’Пара“, Џордан и неговата сопруга Ивет Прието ќе плаќаат милион евра неделно за кирија. Уште не се знае до кога тие ќе останат на одмор.
Видео на Јутјуб протече каде што луѓето од Сплит на кратко можеа да го забележат Џордан.
Да се види Џордан покрај целото обезбедување е навистина тешко дури и во еден мал хрватски град. Јахтата „О’Пара“ сигурно ќе биде под опсада од многуте фанови кои веќе планираат да го „посетат“ славниот поентер на Чикаго Булс.
А освен што ќе одмара и ќе ужива, Џордан во Сплит деновиве треба да се најде со неговиот колега Тони Кукоч. Тие ќе зборуваат за инаугурацијата на Кукоч во Кошаркарската сала на славните, која ќе се случи на 11 септември годинава. Кукоч ќе излезе на сцената, а Мајкл Џордан претходно ќе го најави и ќе каже збор-два за својот поранешен соиграч. Џордан самиот се понудил за тоа.
Но, ова не е првпат познати кошаркари и спортисти да летуваат во Сплит. Лани градот го посети легендарниот Меџик Џонсон.