МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА Е РЕКОРДЕРОТ МИЛИОНЕР НА ВИДЕОЛОТАРИЈА Ќе си купи нова кола и куќа
Интересно е дека за малку, ќе се откажела. Таксито кое го очекувала, задоцнило, па таа додека чекала, продолжила со играта, кога пријатно ја изненадил среќниот сигнал вреден 20.577.224 денари.
Рекордниот Супер милионер вреден 20.577.224 денари во петокот (26.05.2023 година), го освои А.Н. од Струга, мајка на три деца. Таа пристигна во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, споделувајќи ја својата среќна приказна, информираат од Видеолотарија.
– Како редовен играч на видеолотариските игри и претходно се радувала на добивки, но ова е досега најголемата вредност која ја освоила. Интересно е дека за малку ќе се откажела. Таксито кое го очекувала, задоцнило, па таа додека чекала, продолжила со играта, кога пријатно ја изненадил среќниот сигнал, посакуван од секој играч. Во друштво на своето семејството, таа со нас сподели дека со парите од освоената добивка, фантастичните 20.577.224 денари, сака да си купи нова кола и нова куќа – велат од Видеолотарија.
Сумата од 20.577.224 денари е рекорден износ на најпосакуваниот ВЛТ џекпот, Супер милионер, кој е со дефиниран опсег на добивката од 14 до 21 милион денари.