ЛОВЕЛЕ БЕЛВИЦА И ПАСТРМКА ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО Полицијата ги откри и им го одзеде уловот и мрежите
Мрежата и уловените парчиња риба се пронајдени во езерото од сливот на реката Сатеска до селото Радожда.
Полицијата во Охридското Езеро пронајде и одзеде 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов.
Како што соопшти МВР, мрежата и уловените парчиња риба се пронајдени во езерото од сливот на реката Сатеска до селото Радожда.
„Пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Притоа, како информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.