Лондон ги објави новите тарифи кои ќе важат по Брегзит

Владата во Лондон објави дека новиот режим, наречен „Глобална тарифа на Велика Британија“ (УКГТ), ќе биде поедноставен и поевтин од Заедничката надворешна тарифа на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.

353

Велика Британија денеска најави нов тарифен режим, кој ќе ги замени тарифите на Европската унија по Брегзит, задржувајќи ја царинската такса од 10 проценти на увозот на автомобили и даноци на земјоделски производи како јагнешко месо, говедско месо и живина.

Владата во Лондон објави дека новиот режим, наречен „Глобална тарифа на Велика Британија“ (УКГТ), ќе биде поедноставен и поевтин од Заедничката надворешна тарифа на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.






Велика Британија излезе од ЕУ на крајот на јануари оваа година, но ќе продолжи да ја применува тарифната програма на ЕУ за време на транзицискиот период кој завршува на 31 декември 2020 година. Новиот тарифен режим на Велика Британија ќе биде во националната валута, фунта и ќе важи од 1 јануари 2021 година. Тоа ќе биде основа за преговори за договори за слободна трговија со ЕУ, Соединетите држави и другите земји.

Што се однесува до најважните измени, новиот британски режим ги заокружува тарифите до стандардизираните проценки, ослободувајќи се од сите тарифи под два проценти. Велика Британија исто така ќе се ослободи од комплицираните табели за мерење на ЕУ за земјоделски производи, така што ќе исфрли илјадници детали за кои смета дека се „непотребни“ тарифни варијации за производите.

Новата тарифа ќе обезбеди 60 проценти од трговијата на Велика Британија да се одвива преку режимот без царина под условите на Светската трговска организација или преку постојниот систем на трговски преференци.

Британската влада изјави дека ќе ги задржи тарифите за земјоделските производи како јагнешко месо, говедско месо и живина, тарифи од 10 проценти за автомобили, потоа тарифи за многу керамички производи, како и дел од тарифи за поддршка на увозот од најсиромашните земји во светот кои имаат преференцијален пристап до британскиот пазар.

Поврзани содржини