ПОТОП ВО КРИВА ПАЛАНКА Предупредување од УХМР за ново невреме и појава на град

УХМР предупредува на локални невремиња, град и засилен ветер, Времето останува нестабилно и денеска.

3,776

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – дури 91 литар на метар квадратен, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најмалку дожд, пак, е измерен во Претор – само два литра на метар квадратен.

Според УХМР, до 08:00 часот утрово се измерени и 68 литри во Виница, 46 во Берово, 27 во Прилеп, 16 во Тетово, 14 во Штип, 13 во Скопје – Петровец, 9 во Битола, 7 во Куманово и Крушево, и 5 литри во Демир Капија.






Од УХМР напоменуваат дека поради локалноста на процесите, количината на паднат воден талог може значително да варира од едно до друго место, и на одредени локации може да биде многу поголема од онаа што е измерена на официјалните станици.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални поројни врнежи и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за град.

Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 22 и 28 степени, а во Скопје ќе биде променливо облачно, со услови за нестабилно време, пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе достигне до 26 степени.

Поврзани содржини