ЛИВАКОВИЌ ОДБРАНИ 3 ПЕНАЛИ Хрватска обезбеди пласман меѓу осумте најдобри

324

Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар совладувајќи ја вечерва на стадионот „Ал Џануб” во Ал Вакра, Јапонија, на пенали со 3:1, откако по регуларниот дел и двете продолженија резултатот беше израмнет 1:1.

 Во пенал-рулетот хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ со три одбранети пенали беше херој и ја однесе својата репрезентација во четвртфинале.






Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута преку Даизен Маеда.

Хрватска, која е  актуелен светски вицепрвак, израмни во 55 минута преку Иван Перишиќ и со поуспешно изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.

За четвртфинална двојка го чекаат подобриот од дуелот Бразил и Јужна Кореја, што се игра вечерва.

Поврзани содржини