ЛИКОВИ КОИ ВРEСКААТ МЕЃУ НАДРЕАЛИЗМОТ И ГРАФИТИ УМЕТНОСТА Петар Миљковиќ утревечер ќе ги претстави своите стилизирани портрети во ФЛУ (ГАЛЕРИЈА)

Секогаш со добро редуцирање на деталите, Миљковиќ ја усмерува својата концентрација често на еден дел од ликот, најчесто со истакнување и потенцирање на очите, притоа поставувајќи ги во фокус план. Токму овде се согледува афинитетот кон графити уметноста којашто се отсликува на неговите дела низ неколку разни изразни средства, а спрејот е тој што доминира како алатка за создавање на истите, пишува Димовска за ликовите на Милковиќ кои врескаат.

351

Триесетина портрети кои врескаат во техника од масло, акрил и графити уметност ќе ѝ бидат претставени на македонската публика во просториите на Факултетот за ликовни уметности утревечер во петок, 7 октомври, во 20 часот. Првата самостојна изложба на сликарот и тату-мајстор Петар Миљковиќ отвора нови хоризонти и дава придонес за македонското сликарство по годината 2020, ќе рече историчарката на уметност, Ива Димовска, за неговите дела.

„Зошто небото се топи?“, „Што е реално, а што сон?“, „Лош трип кој тргнал на добро“, „Тие зборуваат од очите“, се само некои од пораките испишани налик на графити во делата кои младите веројатно ќе ги препознаат како ѕиден мурал, како дел од една современа култура или можеби суб-култура.






Изложбата е насловена „Атмосфера“ и поддржана од Министерството за култура. Кликнете на сликите во следната галеија да ги видите во полна големина.

„Секогаш со добро редуцирање на деталите, Миљковиќ ја усмерува својата концентрација често на еден дел од ликот, најчесто со истакнување и потенцирање на очите, притоа поставувајќи ги во фокус план. Токму овде се согледува афинитетот кон графити уметноста којашто се отсликува на неговите дела низ неколку разни изразни средства, а спрејот е тој што доминира како алатка за создавање на истите“, пишува Димовска за ликовите на Миљковиќ кои врескаат.

Во сликите можат да се насети една синестезија, што значи лингвистички спој меѓу надреализмот, фантастиката и силни геометризирани кубистички стилизирани човечки фигури. Озгора на сето тоа, силен и богат колорит, речиси индустриско третирање на боите. Аглести прекршувања. Потегот е експресионистички.

Димовски вели дека овие дела се „од важност за разбирање на прашањата поврзани со потесното уметничко подрачје на овој жанр, како и на историјата на урбаната култура“. Таа вели дека Миљковиќ создал свој посебен јазик кој ги комбинира буквите, што значи, типографијата, со бојата на еден инстинктивен начин.

Петар Миљковиќ(1992) дипломирал на факултетот за ликовни уметности во Скопје на студиите по сликарство, конзервација и реставрација. Работи како тату-мајстор. Како студент под менторство на доцент Невена Величковска и професорот Благоја Кузмановски стекнал знаења од конзервацијата на икони и на штафелајното сликарство. Го научил целиот процес од фиксирање на боите до ретуширањете и рентулажата, употребата на разни лакови и други тајни на зачувување на древното наследство.

Во 2016 година како член на стручен тим бил ангажиран во реализација на Проект за конзервација и реставрација на фрескоживописот во црквата Св. Никола, с. Љуботен, скопско.

 

Поврзани содржини