ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ МОРА ДА СЕ ПРОМЕНАТ Рокот за поднесување барања е од 29 мај до 30 јуни

Од Регулаторната информираат и дека лиценци за пробна работа,  согласно новиот Законот за енергетика, ќе може да се продолжат исклучиво за тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени.

394

Од 29 мај до 30 јуни е рокот во кој  носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучително и  лиценците за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценцата, соопшти  Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

Ова е обврска произлезена од новиот Закон за енергетика, која ако не се заврши на време носителите ќе ја изгубат лиценцата.






„Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до  архивата на РКЕ, или пратено до официјалната електронска пошта [email protected] или пратено по пошта во наведениот рок при што ќе мора подносителот да достави  доказ за приемен датум од пошта на официјалната електронска пошта“, се наведува во соопштението.

За промена на лиценцата по овој основ на носителот не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата.

Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика или во архивата на Регулаторната комисија за енергетика.

https://erc.org.mk/page.aspx?id=296

За секоја лиценца се поднесува поединечно Барање за промена, односно не може со еден Образец да се поднесе Барање за промена на повеќе од една лиценца.

Од Регулаторната информираат и дека лиценци за пробна работа,  согласно новиот Законот за енергетика, ќе може да се продолжат исклучиво за тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени.

„Напоменуваме дека одредбите од новиот Закон за енергетика не предвидуваат привремена лиценца“, се наведува во соопштението.

Обврската да ја променат лиценцата имаа 8.800 носители на лиценца за енергетски дејност и околу 150 за пробна работа.

Поврзани содржини